Македонското дерби во Германија со победа на помладиот Филип

Во 28. коло од Бундес лигата дојде до двобој на екипите за коишто играат македонските репрезентативци Филип Талески и Филип Миркуловски. Екипата на Вецлар беше гост на составот на Рајн Некар во интересен дуел.

300x250

Двобојот го доби составот на Рајн Некар со 34:25, а ова беше и очекуван епилог со оглед на тоа што екипата на Вецлар и пред почетокот на средбата не беше кандидат за нешто повеќе на овој меч особено што дуелот се играше на теренот на Рајн Некар.

Филип Талески во нападот имаше мало постигнување. Не успеа да постигне гол. Упати еден удар, а истиот не заврши во голот на Вецлар. Покрај тоа имаше една асистенција, а поголема минутажа имаше во одбраната. Таму заработи две исклучувања.

Миркуловски, пак, постигна три гола од четири удари и беше меѓу поефикасните играчи на Вецлар.

После ова победа тимот на Рајн Некар е на првото место со 46 поени. Има ист број на бодови како и екипата на Флензбург, но Рајн Некар има одиграно два натпревари помалку од својот ривал.