Македонски фанови слават низ Загреб за победата над Словенија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Победата на Македонија над Словенија беше причина за голема радост кај фановите од Македонија кои добија причина плус за добро расположение. Се слави уште насекаде низ Загреб така што е вистинско уживање денеска да се биде во главниот град на Хрватска.

Македонија имаше одлична поддршка на првата средба на Европското првенство, па затоа и навивачите заслужија пофалби и сега можат да слават до утринските часови.

На забавата по повод победата беше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, градоначалникот на Скопје, Петар Шилегов, но и многу други познати лица од Македонија.