Македонски судии на Фајнл Фор во Келн, финалето за Германците

На три недели до почетокот на завршниот турнир во Лигата на шампионите, ЕХФ ги номинираше судиите и службените лица кои ќе ја делат правдата на патот до новиот европски шампион. Вардар ќе настапи во второто полуфинале против Барселона, а натпреварот ќе го суди чешкиот судиски пар Новотни/Хорачек.

Покрај Вардар, Македонија ќе има претставници и меѓу службените лица, па така честа да го отворат финалниот викенд во Лигата на шампионите ќе им припадне на најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ќе бидат задолжени за споведување на правилата на првиот полуфинален натпревар меѓу Веспрем и ПСЖ (03.06.2017, Ланксес Арена, 15:15). Делегати на тој натпревар ќе бидат молдавецот Визитиу и укаинецот Конопласти.

Последниот ден од оваа сезона во Лигата на шампионите ќе започне со натпреварот за трето место. а ќе го водат хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, додека честа да го судат финалето им припадна на германците Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг. Натпреварот за трето место е закажан за недела 4-ти јуни со почеток од 15:15 минути, додека финалето ќе започне неколку часа подоцна односно од 18 часот.