Македонски репрезентативец е најдобар стрелец на Словенија на ЕП!

Пред денешниот натпревар меѓу Словенија и Македонија, со која нашата репрезентација ќе го отвори петтиот настап на Европските шампионати, издвојуваме еден интересен факт.

Поранешниот македонски репрезентативец Ренато Вугринец, кој остави голем траг во нашиот ракомет е најдобар словенечки стрелец на сите досегашни ЕП.

Тој има постигнато 41 гол на ЕП за Словенија, во периодот од 1994-1996, 2000-2006 и 2010, а исто толку има дадено и Урош Зорман, кој сега не е во ростерот.