„Македонски“ двобој во Унгарија: Манасков подобар од Маркоски

Кога Веспрем ги игра натпреварите од унгарскиот шампионат, не е прашање дали ќе победи, туку со колкава разлика. Немаше никаква неизвесност ниту на дуелот против Орошази, кој првакот го доби со убедливи 37:20, но за одбележување е дека настапија по еден македонски репрезентативец на двете страни.

Дејан Манасков во домашниот состав го одигра второто полувреме и успеа да постигне 1 гол, додека на спротивната страна, Никола Маркоски постигна 2 гола и доби жолт картон. Двајцата репрезентативци ќе добијат 4 слободни денови и веќе во понеделник би требало да се стават на располагање на националниот тим.

Тимот на Дабас, каде што игра десниот бек Михаил Петровски, забележа убедлив пораз на гостувањето кај Балатонфуреди со 33:23, а битолчанецот постигна 1 гол против неговиот поранешен тим.