„Македонските“ тимови со победи во Бундес Лигата

Тимот на Рајн Некар Левен продолжува со одличните игри во Бундеслигата, откако прослави убедлива победа со 26:37 над Ерланген и остана на врвот во најквалитетното ракометно првенство во Европа.

Дејан Манасков не беше во составот на „лавовите“, а Филип Талески имаше мала минутажа и 1 неуспешен обид да погоди против Ерланген. Најдобар стрелец во тимот од Манхајм беше Сигурдсон со 10 голови.

Бергишер, каде игра Ацо Јоновски славеше над Балинген со 23:22, додека Вецлар на Филип Миркуловски забележа гостинска победа над Кобург со 27:28, а македонскиот бек беше стрелец на 1 гол од 2 обиди.