Македонските тимови носители во Лигата на шампионите

Двете екипи од Македонија кои во следната сезона повторно ќе играат во Лигата на шампионите ќе ја имаат улогата на носители. Тие се највисоко рангирани во своите групи, па добија можност да влезат во натпреварувањето од првиот шешир.

300x250

За Вардар ова значи дека нема да има можност во групната фаза да игра против екипата на ПСЖ која е исто така во првиот шешир. Затоа, пак, во Скопје би можел да пристигне Кире Лазаров или актуелниот европски првак Монпелје бидејќи двете екипи од Франција нема да можат во иста група со ПСЖ.

Во ждрепката на 29 јуни ќе има 16 екипи во групите А и Б, а тие се веќе распоредени во осум шешири.

Металург, пак, доби можност да биде носител во групите Ц и Д, а таму сигурно го одбегнува составот на Висла Плоцк од Полска. Тоа значи дека еден од фаворитите за највисок пласман во овие групи нема да биде ривал на металурзите во групната фаза.