Македонските клубови останаа во топ 7, но клупска Европа доби нов лидер

Екипите од Македонија кои се натпреваруваат во европските купови го задржаа рејтингот и остануваат на 7. позиција која носи едно загарантирано место во Лигата на шампионите и три во Купот на ЕХФ. Според бројот на поените Македонија и понатаму е далеку пред земјите кои се од 8. до 13. позиција и има доволно бодови да биде мирна меѓу најдобрите седум во Европа во моментов на клупски план.

300x250

Двете учества на Ф4 турнирите на Вардар и претходно постојаното играње во групите и од Металург допринесоа за високиот рејтинг. Ова обезбеди одличен пласман, па сезонава Македонија нема да игра во третиот Куп по квалитет туку ќе има свои претставници само во Лигата на шампионите и во Купот на ЕХФ.

Истото ќе биде и за сезоната 2019/2020. И тогаш Македонија ќе има едно загарантирано место во Лигата на шампионите и три во Купот на ЕХФ. Доколку и тогаш падне одлука како и годинава за две екипи во ЛШ, тогаш ќе има две екипи во Купот на ЕХФ.

Годинава свои места во Лигата на шампионите обезбедија Вардар и Металург, додека во Купот на ЕХФ претставници ќе бидат Е. Работник и Пролет.

Инаку, Франција направи скок од три места и се најде на врвот на листата со што ја исфрли Шпанија од најдобрите две земји. Сега на првите две позиции се Франција и Германија и тие имаат по пет екипи во европските купови. Со оглед на тоа што Франција има дури три претставници во ЛШ ќе има само две во Купот на ЕХФ, додека Германија годинава има две во Лигата на шампионите и три во вториот куп по квалитет. Според рејтингот тие имаат еден учесник во ЛШ и четири во Купот на ЕХФ и се единствените кои имаат ваков број на тимови.

Како изгледа табелата на најдобрите можете да погледнете во продолжение.