Македонскиот тренер најде лек за француските ѕвезди

Тимот на Ница предводен од македонскиот тренер Марјан Колев стави крај на серијата порази во францускиот шампионат и тоа со победа над лидерот на табелата, Брест Бретања. Ница славеше со 22:17 во натпреварот од 12 коло и се искачи на 7 позиција на табелата која води во плеј-оф

Ниту поранешната вардарка Алисон Пино, која беше стрелец на 4 голови, ниту голманката Клеопатра Дарле, не беа доволни за Брест Бретања да забележи позитивен резултат на овој натпревар. Следен предизвик за Ница и Колев ќе биде гостувањето кај Флери Луар, каде игра уште една поранешна вардарка, Алена Ихнева.