Македонскиот вицепрвак со ново име ја започнува новата сезона

Македонскиот вицепрвак со нови име ја започнува новата натпреварувачка сезона. Зомимак е веќе минато, а досегашниот спонзор Макс Струмица го зголеми својот удел во клубот, доволно за да биде дел од новото име на „рисовите“. Макс Струмица е новиот назив за екипата која го освои второто место во македонскиот шампионат и од 29 август ќе дебитира во најсилното регионално натпреварување, СЕХА Гаспром лигата.
Како што велат од клубот ова е нов почеток за подобри натпревари и резултати, за нова историја…На официјалната страна на социјалната мрежа „фејсбук“, Струмичани го објавија следново соопштение:

РК Зомимак-М од вчера и официјално го промени името на клубот. Новото име на клубот е РК Макс Струмица. Компанијата „Макс“ и досега беше дел од спозорскиот тим на клубот, но од оваа сезона ќе биде генерален спонзор на тимот. Под името Зомимак-М клубот ги постигна најголемите резултати и успеси во клубската историја, резултати кои се надеваме дека со уште поголем труд, посветеност и поддршката која секојдневно ни ја давате во идинина ќе бидат надминати!