Македонска репрезентативка во трка за најдобар пивот во првенството на Грција

Пред стартот од новата сезона во шампионатот на Грција е организиран избор за најдобри ракометарки по позиции, а меѓу девојките кои се во потесна конкуренција влезе и репрезентативка на Македонија.

Пивотот на ПАОК, Марија Николиќ имаше успешна и трофејна сезона. Овие резултати и добрата игра и овозможија да се најде во трка за најдобар пикер во шампионатот на Грција.

Таа ќе биде дел од гласањето, па доколку сакате да гласате за неа и да учествувате во поддршката за неа при изборот за најдобар пивот тоа можете да го направите на следниот ЛИНК.