Македонска интернационалка направи трансфер од Виборг во Ринкобинг

Македонската интернационалка и репрезентативка -Наташа Нолевска ќе го промени својот клуб во Данска. По една сезона во дресот на Виборг, Нолеска се сели во екипата на Ринкобинг чиј дрес ќе го носи во следните две сезони.

“Екипата на Ринкобинг многу добро се вклопува во моите замисли, и гледам одлична можност за мене во оваа екипа. Навистина не гледам дали клубот е голем или мал. За мене најважни се животната средина, тимскиот дух и кохезијата. Тоа е клуб со навистина добри услови за развој, добра култура и клуб со големи амбиции. Навистина се радувам што ќе бидам дел од овој тим и што ќе помогнам во остварување на амбициите.”-изјави Нолевска.