Македонската пресметка во Романија без победник

Македонскиот дуел во Романија, меѓу Темишвар на Филип Лазаров и Златко Даскаловски и Одорхеи, каде играат Гоце Ојлески, Горан Кузмановски и Милорад Кукоски заврши без победник, 31:31, иако гостите водеа со 28:31 на две минути до крајот.

Лазаров беше најдобар во домашниоt тим со 7 голови од 7 обиди, a Даскаловски забележа 10 одбрани, додека кај гостите од македонското трио погоди само Ојлески.

Доброгеа Суд Констанца го губи чекорот со водечките екипи, откако загуби на гостувањето кај Стеауа во Букурешт со 30:27. Бранко Ангеловски беше стрелец на 2 гола од 3 обиди за гостинскиот тим.