Македонската и светска ракометна икона како бебе-За кого станува збор? (ФОТО)

Тој е една од најголемите ракометни ѕвезди на сите времиња и дефинитивно најголемото ракометно име од Македонија. Сопственик на многу светски ракометни рекорди кои ќе бидат тешко достижни за сегашните и идните ракометари.

На фотографијата е капитенот на Македонската сениорска машка репрезентација и македонска ракометна икона-Кирил Лазаров, кој позира за својот семеен албум пред повеќе од три деценнии.

Ова бебенце стана еден од најголемите македонски амбасадори  на сите времиња, спортист кој претставува вистинска гордост за секој Македонец каде и да се појави, и пример за секој сегашен и иден македонски спортист како треба да се однесува еден врвен професионалец.