Македонките ќе се требат меѓусебе во Челинџ Купот

Откако го елиминираа составот на ЖРК Пелистер, ракометарките на Наиса Ниш ќе имаат многу потежок ривал во четвртфиналето на Челинџ Купот.

Станува збор за шведскиот Кристијанштад каде настапува македонската интернационалка Дајана Јовановска, па ова ќе биде македонски двобој, бидејќи и во српскиот тим имаме наш претставник, а тоа е Симона Стојановска.

Челинџ Куп, четвртфинале:

(1) Наиса Ниш – Кристијанштад
(2) Ринкон Фертилидад – Квинтус
(3) Гран Канарија – Гомел
(4) Погон Шчечин – Боден

Беа извлечени и полуфиналните двојки, па победникот од двобојот меѓу Наиса Ниш и Кристијанштад ќе игра против победникот од Гран Канарија и Гомел, додека во второто полуфинале ќе се сретнат победниците од вториот и четвртиот пар.

Првите средби од четвртфиналето се играат на 2 или 3 март, додека реваншите се една седмица подоцна.