Македонката и Бразилката повторно заедно: До Насименто потпиша за Фехервар на Ѓорѓиевска

Бразилската репрезентативка и едно од најдобрите десни крила во светот, Александра До Насименто, останува во Унгарија, но ќе игра за друг клуб. По една година во тимот на Вац, таа потпиша за Алба Фехервар и ќе игра заедно со капитенот на македонската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска.

Тие двете беа дел од шампионскиот состав на некогаш силната Баја Маре во Романија, а сега повторно се заедно во Фехервар, кој има високи амбиции во следната сезона да парира на силниот Ференцварош, ако се знае дека Ѓер би требало да биде супериорен во битката на титулата.