Македонијо вечерва радувај се! Од утре те чека нов предизвик… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација со победа од 25-24 ги освои првите два бода во премиерниот настап на Европското првенство 2018 година. Словенија беше вистински предизвик, бронзената репрезентација од Светското првенство 2017, многумина ја вбројуваа меѓу фаворитите на овој континенатален собир, но четата на Раул не подлегна под притисокот. Македонија имаше и четири погодоци предност, но во неизвесниот финиш влезе со негатива од гол. Покрај сè покажа стабилност, искуство и на крајот славеше голема победа која може да значи повисоко место во втората фаза. Но до таму патот е долг и води преку Црна Гора или Германија, сега е време за славење и одмор пред „ел команданте“ да ги сложи новите коцки за следниот предизвик…

300x250

Од Загреб,
Петар Шимлеша

ФОТО:Кочо Сотировски