Македонија ја има најдобрата ракометна фотографија во светот!

Веќе неколку години наназад, Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) одржува избор за најдобрата фотографија од ракометните терени. На годинешниот конкурс се пријавиле бројни фотографи, а натпреварот беше заклучен на 20-ти мај кога започна проценката на стручното жири. Кон крајот на август резултатите пристигнаа, а стручниот совет на ИХФ се одлучи за две победнички фотографии.

Како што велат од ИХФ многумина испратиле фотографии, но малкумина успеале да ја доловат природата на ракометот, моќниот спорт кој сите го сакаме.

Оваа година наградата за ИХФ Фотографија на Годината му припадна на Денис Дуковски, македонски фоторепротер, кој фотографира за македонскиот бренд Вардар. Наградената фотографија го одбележа и Светското првенство во Катар, а во главната улога е македонскиот репрезентативец Дејан Манасков како лебди во воздухот паралелно со теренот, на натпреварот меѓу Македонија и Иран.

14079947_1079925485389061_3498975974618385907_n

Втората фотографија која е избрана за најдобра фотографија на годината е дело на познатиот француски фоторепортер Лорен Теофил, фотографирана на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Флори Лорет и ФТЦ Реил Карго Унгарија. На фотографијата е Александрина Кабрал Барбоса од Шпанија.

14183851_1079925682055708_5709515618277096882_n

Двајцата фотографи се добитници на 5000 франци како награда од Интернационалната Ракометна Федерација.