Македонија ја има највисоката победа на првиот ден од ЕХФ-шампионатот

Репрезентативците на Македонија синоќа имаа одличен старт на ЕХФ-шампионатот и ја совладаа селекцијата на Велика Британија со 32:15 и на тој начин ја забележаа највисоката победа во 1. коло.

Оваа победа не беше највисока само на турнирот во Скопје, туку беше и највисока ако се земат предвид  постигнувањата и на турнирот во Црна Гора каде немаше така висока победа.

Оттаму после првото коло Македонија го има најдобриот резултат, а за следното подобрување на ова постигнување ќе се чека до понеделник кога го игра дуелот од 3. коло. Денеска во 2. коло Македонија е слободна, па во понеделник од 18 часот ќе ги одмери силите со составот на Италија.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ

ГРУПА А

1. КОЛО

БЕЛОРУСИЈА – ГРЦИЈА                34:24

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛИТВАНИЈА           24:26

ФИНСКА – ЕСТОНИЈА    21:32

2. КОЛО (ДЕНЕСКА)

12:00ч

ГРЦИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

14:00ч

ЕСТОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА

16:00ч

ЛИТВАНИЈА – ФИНСКА

ГРУПА Б

1. КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – УКРАИНА          28:25

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА  32:15

ИТАЛИЈА беше слободна

2. КОЛО (ДЕНЕСКА)

18:00ч

УКРАИНА – ИТАЛИЈА

20:00ч

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА