Македонија се загреа против Јапонија за прва Мундијалска радост во Минхен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Македонија тргна со победа на Мундијалот во Германија и Данска откако денеска против Јапонија забележа триумф од 38:29. Во текот на целата средба Македонија беше подобриот противник, па првиот меч од Групата Б на шампионатот беше решен со убава разлика.

Овој резултат ќе даде дополнителна самодоверба кај ракометарите, па може да се очекува да го дадат најдоброто на првенството на следните дуели. Денеска блескаа сите кои се најдоа на теренот и сите покажаа дека заслужуваат да бидат дел од националниот состав. Се биеше од сите страни и буквално од сите оружја, па тоа секако беше можност да се покаже дека Македонија ќе има што да покаже.

Ќе треба да се поправа и да се зацврстува одбраната, а сигурно на следните средби ќе може да се види и далеку поинаква игра бидејќи сигурно најдоброто се чува за потешките средби.

Како изгледаше натпреварот можете да видите низ фотографиите во продолжение.

Македонија ја совлада Јапонија со 29-38 во првиот мундијалски меч во Минхен