Македонија само „министерски“ до Европско во Хрватска

Во пресрет на последното коло од квалификациите за пласман на Европксото првенство во Хрватска, пред Македонија стои добро позната пречка. Веќе неколку години наназад токму дуелите со Чешка биле талични за македонскиот национален тим, но овојпат Чешка пристигнува во друга позиција. Како првопласирана екипа од квалификациската група 4, Чешка ќе гостува во Скопје со една цел осигурување на првото место на табелата. Македонија има иста цел, победа ја води меѓу носителите на ждрепката во Загреб за групната фаза од ЕП, а нерешен резултат или пораз во математички комбинаторики по реално може да обезбеди пласман.

За нештата да бидат покомпликувани, вториот дуел од групата 4 директно ќе влијае на патниците за Хрватска овој јануари. Украина има поволна позиција, но тешко гостување во Исланд, каде ниту една селекција не успеа да откине бод во овој квалификациски циклус. Затоа на Македонија и е потребна победа за сигурен пласман и поволна позција при извлекување на групите.

Кај Чешка нема да го има Филип Јиха, кој ел циклус не игра во квалификациите, но и без него избраниците на Јан Филип и Даниел Кубеш играат одлично. Мотор на екипата сега е Тамаш Бабак, кој е соиграч од Бергишер на повратникот во македонскиот тим, Ацо Јоновски. Тука се одличните крилни играчи Хрстка и Јурка, а како џокер секогаш е тука да помогне и Јан Стехлик, кој има непријатен удар низ зоната.

Голманот Мартин Галиа на дуелите против Македонија, секогаш имал двоцифрен број на интервенции, и тој може да биде еден од клучните фактори на вечерашната средба. На голот на македонската репрезентација ќе биде Борко Ристовски и Никола Митревски, а голманот на Барселона во досегашните дуели со Чешка никогаш немал свој ден. Но, не само голманите, туку сите играчи во ростерот треба да го дадат максимумот против репрезентацијата која сака одмазда во Скопје, иако победата не и многу потребна.

Мечот се игра вечерва во „ВИП Арена“ со почеток во 20:45 часот.