Македонија подобра во битката на „партизаните“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија за прв пат во историјата на учествата на Европските шампионати, забележа победа во првото коло. Пред избраниците на Раул Гонзалес падна стариот должник Словенија. Селекторот Веселин Вујовиќ групата во Загреб ја нарече битка на партизани против Германци, а во овој меѓусебен дуел меѓу „партизаните“ победата ја извојува Македонија.

Македонските „лавови“ остварија херојска победа со 25:24 и ги израдуваа големиот број навивачи присутни во „Арена Загреб“ и оние што мечот го следеа на малите и големи екрани низ Македонија.

Следниот натпревар Македонија го игра в понеделник со почеток во 20:30 часот.