Македонија подготвена за последниот предизвик оваа сезона (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација во 20:45 минути ќе го одигра последниот натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП 2018. Чешка е последната пречка која стои меѓу составот на Раул Гонзалес и првото место во гурпата 4.

Картите за спектаклот веќе се распродадени, а во очекување на веќе познатата атмосфера на македонската фаланга, спортските фанови полека ја полнат салата.

Погледнете неколку моменти и атмосферата пред платото на СЦ „Борис Трајковски“, пред почетокот на овој дуел.