МАКЕДОНИЈА ПЕТТИ ПАТ ПО РЕД, А ШЕСТИ ПАТ ВКУПНО ЌЕ ИГРА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

По првиот настап на Европското првенство во Италија во 1998 година, машката репрезентација мораше да чека дури 14 години, за да го запише вториот настап, кога беше направен и најголемиот успех на машкиот репрезентативен ракомет.

На ЕП во Србија во 2012 година, Македонија беше петта сила, додека на следните континентални собири, имамe пад. На ЕП во Данска во 2014 година бевме десетти, додека две и четири години подоцна, на ЕП во 2016 во Полска и 2018 бо Хрватска, нашиот национален тим го освои 11-то место.

На следниот континентален собир, кој ќе биде првиот што ќе се одржи со 24 учесници, Македонија се квалификуваше уште по двомечот со Исланд, а пласманот беше потврден со победата на гости кај Турција.