Македонија остана без тим и во Регионалната лига

Натпреварите во Женската регионална лига ќе продолжат и во оваа сезона, но после неколку години доминација на Вардар сега нема да има македонски тим. Иако имаше подолг список на екипи од кои се очекуваше потврда за учеството за да се види кој ќе биде бројот на учесници тимовите од Македонија не прифатија да играат во оваа сезона.

Според тоа останаа Будуќност, Крим, Јагодина и Рудар тимовите кои ќе се натпреваруваат по истиот систем по кој се играше и досега.

Секој од тимовите ќе биде домаќин на по еден турнир, па ова ќе биде можност за сите да одиграат по неколку средби на кои ќе ја проверат формата пред средбите од Лигата на шампионите или пред дуелите од домашното првенство.

Сосема извесно е дека главниот збор ќе биде меѓу Будуќност и Крим и меѓу нив се очекува да биде решено прашањето за победникот, а со тоа и за наследникот на вардарки на тронот.