Македонија некомплетна загуби од првата селекција на Турција

Ракометарките коишто се дел од репрезентацијата на Македонија на турнирот во Турција претрпеа пораз од првата селекција на домаќинот со 26:30. Ова беше прва од трите контроли, но мора да се напомене дека ова не е најсилниот состав на Македонија бидејќи дел од интернационалките ќе се приклучат дури в понеделник.

И во двете полувремиња, Македонија прими по 15 погодоци. Во првото Турчинките беа подобри со 15:12, а во второто со 15:14.

Во вториот меч се среќаваат Турција Б и Италија, а втората селекција на домаќинот е следниот противник на Македонија во утрешниот дуел.