Македонија и Швајцарија на дерби за одлука, кој е најдобар во Грузија

После вчерашниот шок натпревар против селекцијата на Фарските острови репрезентацијата на Македонија денеска ја има главната битка за првото место. Настаните многу потсетуваат на оние од Скопје од ЕХФ-шампионатот во младинска конкуренција, кога пред дуелот против Швајцарија, Македонија одигра нерешено со Италија.

Сепак, добрата вест за кадетите е што тие имаа шут за победа и успеаја да го искористат, па влегуваат со шест бода во мечот кој ќе пресуди за првото место во групата и можеби нешто полесен ривал во полуфиналето.

Швајцарците играат одлично, но вчера против Луксембург и тие не беа најсјајни така што се виде дека имаат слабости. Оттаму на селекторот Данило Брестовац и неговите помошници и да видат каде ќе можат денеска да го надиграат составот на Швајцарија и тоа да го спроведат на дело.

Средбата стартува од 11 часот. Составот и за овој дуел е ист бидејќи Македонија е со 16 ракометари, а овие момци веќе покажаа дека знаат како треба да се игра за дресот со националниот грб и сега треба само да продолжат во истиот стил и да ја остварат целта по која се отидени во Грузија, а тоа е прво место и пласман во А-дивизијата и на кадетската и на младинската репрезентација за натпреварувањата на стариот континент во 2020 година.