Македонија е стопроцентна против Турција

На досегашните пресметки против репрезентацијата на Турција, Македонија има добри резултати, а на двата меча одиграни на терен на Турците има победи. Првиот пат во 2005 година во Анкара беше забележана победа од 36:33, а тоа беа квалификации за бараж за ЕП 2006.

Потоа и на дуелот во Скопје исто така беше забележана победа, но со шест гола разлика, а најубедливиот триумф е во Адана во 2010 година со 35:26.

Како што е познато, Македонија победи и на мечот во Битола од овие квалификации во октомври кога славеше со 31:27.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА БАРАЖ ЕП 2006

12.01.2005

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА          33:36

16.01.2005

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА          37:31

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА БАРАЖ ЗА СП 2011

16.01.2010

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА          26:35

Доне 9, Озбахар 6, Кескин 3 – Н. Мојсовски 11, К. Лазаров 9, Алушовски 5

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

25.10.2018

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА          31:27

К. Лазаров 8, Манасков 6, Георгиевски 4 – Бичер 6, Озтурк 5, Пекташ 5