Македонија е во ТОП 3 на ранкингот за женската ЛШ

На најновата ранг листа на Европската ракометна федерација, Македонија го задржа третото место во рангирање на земјите во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Ракометарките на Вардар сезонава беа вицешампиони на Европа, па затоа Македонија го задржа ранкингот од минатата сезона.

Црна Гора и Унгарија се на првите две места, иако сега се со променети позиции во однос на ланското рангирање, пред се поради тоа што Ѓер стана европски првак. Романија и Норвешка исто така си ги заменија позициите во однос на ланската листа.

Ранкингот е направен врз основа на резултатите од последните три сезони (2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017), а ждрепката за новата сезона во која единствен претставник ќе биде Вардар ќе биде извршена кон крајот на јуни во Љубљана.