Македонија доби нови судии со знакот на ЕХФ

Македонија отсекогаш имала добри и признаени судии во европски и светски рамки, а сега уште една двојка влегува во семејството на европски судии откако ги минаа успешно полагањата. Овојпат Македонија ги доби и најмладите суди со знакот на ЕХФ кои во иднина ќе можат да делат правда на мечеви од европските купови и репрезентации.

300x250

Македонската судиска двојка, Виктор Начевски и Даниело Божиновски во периодот од 19 до 23 април учествуваат на судиски курс во Драмен, Норвешка каде судат во рамките на норвешкиот плеј-оф до 18 години. На овој настан свое учество земаат 6 судиски пара, а Начевски и Божиновски од Европската ракометна федерација (ЕХФ) беа наградени со сертификат кој им носи статус на ЕХФ судии.

Виктор Начевски е син на нашиот познат поранешен судија и ракометен работник, Марјан Начевски. Даниело Божиновски потекнува од Битола, а неговиот татко беше дел од управата на клубот во минатото, и сега двајцата судат заедно  веќе десетина години, а статусот на ЕХФ судии е чекор погоре во нивната судиска кариера.