Македонија денеска тренира во Арена во Загреб

Репрезентацијата на Македонија денеска ќе добие можност да одржи тренинг во салата каде што утре од 19:30 часот ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.

300x250

Ракометарите коишто Раул Гонзалес ги поведе на првенството ќе имаат можност да се запознаат со условите во коишто ќе ги играат средбите од првиот круг. Ги има вкупно 19, но само 16 од нив ќе добијат шанса на првиот меч против Словенија.

Денеска ќе биде познато и кои ќе бидат тие играчи на кои Раул ќе им ја даде довербата во 1. коло на овој шампионат.

Инаку, според пропозициите на ова првенство ќе има можност да направи три измени во првата фаза, па затоа секој играч што е во Хрватска, но и оние што останаа како резерви во Скопје ќе имаат своја можност и може да очекуваат да добијат шанса за да играат.