Македонија во вториот барабан во ждрепката за ЕП 2018

На 23 јуни во Загреб ќе биде ждрепката за групите на ЕП 2018 во Хрватска, а нашата репрезентација ќе биде во вториот барабан. Тоа е сигурно со оглед на тоа што Македонија е првопласирана во својата квалификациска група.

Заедно со Македонија во првите два барабани ќе бидат и Хрватска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Белорусија и Данска.
ЕХФ дополнително ќе ги објави репрезентациите и барабаните од кои ти еќе бидат влечени во ждрепката. Исланд како најдобро третопласирана репрезентација од квалификациите се приклучува на ЕП.

Овие 16 репрезентации се пласираа на ЕП 2018: Австрија, Хрватска, Шпанија, Франција, Германија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Шведска, Македонија, Данска, Унгарија, Белорусија, Србија, Чешка и Исланд.

За Македонија ова е 10. големо натпреварување, а седмо по ред. Се почна во 1998 година на ЕП во Италија, продолжи на СП 1999 по што следуваше пауза од десет години за настап на СП 20009. Од 2012 година постојано сме дел од големите натпреварувања.