Македонија без подиум во Грузија, но со двајца во ол-стар тимот

Репрезентацијата на Македонија не успеа да дојде до победа на ЕХФ-шампионатот во Грузија, но затоа е една од двете селекции кои имаат по двајца ракометари во ол-стар тимот на првенството.

Капитенот Мартин Серафимов и десното крило Ненад Костески беа избрани за најдобри на турнирот откако покажаа завидно ниво на квалитет за време на средбите во текот на минатите десет дена.

Сите ракометари од Македонија покажаа добра игра во групната фаза, но за време на викендот кога беше најпотребно не успеаја да го потврдат квалитетот така што не можеа да се надеваат да го остварат она што е потребно, а само првото место водеше во А-дивизијата.

Инаку, Костески имаше најдобро отворање на турнирот, додека Серафимов кој на крајот заврши како втор стрелец со 54 гола имаше одлична игра во нападот.

ОЛ-СТАР ТИМ

Голман: Андреа Колелури (Италија)

Лево крило: Самуел Зендер (Швајцарија)

Лев бек: Марко Менгон (Италија)

Среден бек: Елијас Елефсен Скипаготу (Фарски острови)

Десен бек: Мартин Серафимов (Македонија)

Десно крило: Ненад Костески (Македонија)

Пивот: Михаил Пилиук (Белорусија)

Најдобар стрелец: Гиорги Шковербадѕе (Грузија)

Најдобар дефанзивец: Лукас Лаубе (Швајцарија)

Најдобар играч: Микитa Чижик (Белорусија)