Македонец си го трола Кил на официјалната страна на ЕХФ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар славеа голема победа над германската ракометна гордост Кил и тоа среде Шпаркасе Арена. Момците на Раул Гозналес одиграа одличен натпревар не потпаѓајки под притисокот и кога ништо не одеше на теренот, а сето тоа им се врати како награда во последните секунди кога Македа директно од аут стрелаше за победа на вардарци од 28-29.

300x250

Големиот триумф во Германија предизвика вистинско задоволство помеѓу симпатизерите на “црвено-црната” боја. После секој натпревар од Лигата на шампионите љубителите на ракометот се префрлаат на официјалната фејсбук страница на ЕХФ каде на досетлив и инвентивен начин даваат поддршка на за своите екипи. Тоа е време за сеир а македонските навивачи се вистински шампиони за оваа категорија. Денеска наградата за најсеир коментар оди зад името на извесен Никола Билбил кој големата вардаровата победа во Шпаркасе Арена ја долови со коментарот : Vardar the “Kil” ler!

Зборови не се потребни. Да се надеваме дека и по завршувањето на реванш натпреварот кој на 29 април ќе се одигра во СЦ”Јане Сандански” македонец повторно ќе го има тролот на денот.