Македонецот ќе игра со Ким Андерсон: Јане Цветковски пред потпис со Иштад!

Македонскиот голман Јане Цветковски ќе ја продолжи својата кариера во Шведска, но во друг клуб во најквалитетното друштво во оваа скандинавска држава. Цветковски кој лани стана шампион во Првата Лига со тимот на Хелсингборг, не се договори за продолжување на соработката со овој тим. Негов нов клуб ќе биде Истад, кој беше елиминиран во полуфиналето на плеј-офот. Договорот ќе биде потпишан на 25 јуни.

Соиграч на Цветковски ќе биде легендарниот шведски ракометар Ким Андерсон, кој веќе две сезони е член на Истад по камбекот од Кил. Цветковски кој во Македонија беше дел од Тинекс Пролет, а на интернационална сцена со успех го бранеше голот на Агро Тополчани од Словачка, како и сараевска Босна, во дресот на Истад ќе ја започне втората година во Шведска. Тој летово беше цел на германскито Балинген, шпанската Ла Риоха и словенечка Рибница, но сепак се реши да се остане во скандинавската земја.

One Response

  1. Нов предизвик во Елитсериен: Иштад го потврди Цветковски | 24 РАКОМЕТ

    […] третопласираниот тим од шведскиот шампионат, Иштад, за кој 24Ракомет веќе објави пред неколку недели, денеска ја доби и својата официјална […]