Македонецот останува во Унгарија: Петровски потпиша за Дабас

Досегашниот ракометар на Балатонфуреди, Михаил Петровски, ќе игра во друг клуб од следната сезона, но нема да ја смени државата. Десниот бек од Битола две сезони играше за тимот од градот покрај езерото Балатон, а со екипата предводена од легендарниот Иштван Чокнаи, играше и во Купот на ЕХФ.

Искусниот ракометар потпиша едногодишен договор со новиот прволигаш Дабас, и покрај тоа што имаше комбинации и за камбек во Македонија во неговиот матичен клуб. Дабас има големи амбиции за следната сезона и покрај македонскиот интернационалец, денес беа претставени и чешкиот решрезентативен пикер Петр Шлахта, и левото крило од Босна, Маринко Кекезовиќ, плус искусниот Балаж Биро, поранешен унгарски репрезентативец.

Петровски потекнува од школата на Пелистер, своевремено беше еден од поголемите македонски таленти, но никогаш не доби адекватна шанса да се докаже во националниот тим. Тој освен за битолскиот тим, играше и за Вардар во Македонија, а надвор беше дел од романска Констанца, францускиот Валанс, данските Архус и Рингстед, a кратко време играше и во Саудиска Арабија.

2 Responses

  1. Нов предизвик во Унгарија: Дабас го потврди трансферот на Петровски | 24 РАКОМЕТ

    […] тим го потврди трансферот, за кој веќе објави 24Ракомет, пред повеќе од еден месец. Петровски ќе остане во […]

  2. Нов предизвик во Унгарија: Дабас го потврди трансферот на Петровски | 24 РАКОМЕТ

    […] тим на својот веб-сајт го потврди трансферот за кој веќе објави 24Ракомет, пред повеќе од еден месец. Петровски ќе остане во […]