Македонецот во елемент:Манасков го украде шоуто на тренингот на Веспрем (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец и репрезентативец-Дејан Манасков игра одлична сезона во дресот на Веспрем. И покрај шокантната елиминација на унгарскиот шампион во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Скјерн, Манасков со своите игри стана миленик на сите навивачи на Веспрем.
Најновото видео е уште еден доказ за квалитетите на Македонецот  кој на еден од тренизите на Веспрем изведе неколку неверојатни удари со кои ги импресионираше своите соиграчи. Ова видео беше поставено и на официјалната фејсбук страна на Веспрем со коментар-Еве зошто Дејан е опасен од секој агол!, а сето тоа наиде на воодушевување помеѓу симпатизерите на Веспрем на социјалните мрежи.

 

Комплетното видео во продолжение..