Македонецот блеска во Израел: Димитриевски го запре Макаби Тел Авив

Тимот на Хапоел Ашдод доби големо засилување во Дарко Димитриевски, кој по само три меча покажа дека ќе биде лидер на теренот. Неговиот тим од позиција во плеј-аут, сега стигна да има скоро обезбеден пласман во разигрувањето за титулата.

300x250

Во последниот натпревар Хапоел Ашдод на домашен терен успеа да извлече големо реми со фаворизираниот Макаби Тел Авив и одигра 24:24. Македонскиот интернационалец беше најдобар во домашниот тим и постигна 7 голови од 8 обиди.