Македа ги расплака фановите со последното видео: Никогаш нема да ве заборавам! (ВИДЕО)

Шпанскиот интернационалец, Хорхе Македа на социјалните мрежи емотивно се збогуваше со Скопје, Вардар и сите прекрасни луѓе во и околу клубот. На својот твитер профил Македа напиша:

” По 3 годинини време е да се збогувам со клубот и градот каде што пристигнав со јасна цел. Благодарение на работата и напорите на сите, успеавме да ја оствариме. Никогаш нема да го заборавам тоа. Благодарност до сите навивачи, соиграчи и тренерскиот кадар што успеаа да ме направат подобра личност и подобар играч”.-напиша Македа.

Во продолжение шпанецот го постираше и ова емотивно видео со кое и дефинитивно им кажа збогум и благодарам на Вардар, Скопје и Македонија за прекрасните три сезони поминати во “црвено-црниот” дрес.