Магдебург знае како се скротуваат „зебри“

Дербито на Бундес-лигата меѓу составите на Магдебург и Кил донесе ефикасна игра која заврши со вкупно 65 погодоци.

300x250

Магдебург успеа со одлична игра да се избори за победа од 35:30 со што стана јасно дека Кил и годинава е далеку од ритамот потребен за влез во битката за титулата во Германија. Овој резултат е доказ дека Магдебург полека се враќа на големата врата во шампионатот на Германија така што ќе има што да се гледа сезонава во Бундес лигата.

Прв стрелец во екипата беше Матијас Муше кој погоди деветпати, додека Марко Безјак беше стрелец на осум гола. Тие практично постигна заедно пола од головите на магдебург, а во противничкиот табор имаше неколку играчи кои беа еднакво расположени. Екберг погоди шестпати, а по пет гола имаа Пекелер, Билик и Вајнхолд.