Лука Циндриќ за 24 Ракомет: Уживаме да ја радуваме публиката во Скопје (ВИДЕО)

Организаторот на играта на Вардар, Лука Циндриќ имаше уште еден одличен натпревар во нападот каде што имаше целосна контрола на играта и беше вистински лидер на „црвено-црните“.

Циндриќ ги имаше клучните моменти во играта и успеа да ги раздвижи своите колеги, а вели дека е задоволен што успеа со своите колеги да одигра неверојатен натпревар и уште еднаш сите заедно да ги израдуваат навивачите.

Вардарци имаа блескава полуфинална партија, а Циндриќ го даде своето мислење за сработеното.

„Успеавме добро да го отвориме овој натпревар. Влеговме добро во средбата и успеавме да покажеме дека знаеме да ги казниме грешките на противникот. Мешков одигра пет лоши минути, а ние набрзина ги казнивме и направивме предност која потоа ја одржувавме во текот на целиот меч. Бевме добро подготвени и беше убаво да се игра пред оваа публика. Секогаш уживаме пред овие навивачи во Скопје и се надевам дека во недела трибините ќе бидат полни за дуелот од финалето“, коментираше Лука Циндриќ за 24 Ракомет.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.