Лука Циндриќ за 24 Ракомет ТВ: Ја гледам Македонија во главна фаза (ВИДЕО)

Хрватска имаше тешка средба против Исланд, но на крајот успеа да се избори за победа и финишираше со бодови од овој натпревар.

Лука Циндриќ беше меѓу поефикасните и играч кој знаеше да повлече кога беше најпотребно, а успеваше секогаш да одговори на потребите во нападот.

Со оглед на тоа што следува дуел против Македонија в понеделник, а претходно и против Јапонија беше интересно да се слушне како тој гледа на следните средби и што очекува од Македонија.

„Македонија беше фаворит против Јапонија и тоа го оправда. Не можев многу да го гледам натпреварот бидејќи игравме веднаш на следниот меч, но ова е неизвесна група. Има четири репрезентација кои можат секој против секого да победат. Ќе има неизвесност и до крајот нема да се знае ништо“, изјави Циндриќ за 24 Ракомет ТВ.

Следниот натпревар Хрватска го игра в недела од 16:30 часот против Јапонија, а во понеделник од 18 часот е дербито со Македонија.

Комплетната изјава на Циндриќ можете да ја погледнете во видеото во продолжение.