Лука Циндриќ: Благодарам за убавиот пречек во Скопје (ВИДЕО)

Поранешниот ракометар на Вардар, кој сега е дел од Келце, Лука Циндриќ беше презадоволен што навивачите го дочекаа со аплаузи и му овозможија да се почувствува како дома уште еднаш иако овој пат дојде во Скопје како ракометар на друг тим.

Тој беше неизвесен до последен момент, но доби шанса за да настапи во салата каде што играше во последните неколку сезони и каде остави голем белег. После средбата имаше што да изјави.

„Благодарам за убавиот пречек во Скопје. Презадовлен сум од тоа како ме пречекаа. Тука минав многу убави години од досегашниот дел на мојата кариера. Очекувавме дека ќе решава еден погодок. Вардар одигра одлично во одбраната, а ние промашивме многу зицери и шутеви од акции еден на еден. Мораме да поработиме на некои работи и мислам дека можеме многу повеќе“, коментираше Циндриќ после натпреварот на кој Вардар победи со 28:27.

Комплетната изјава која што ја даде за 24 Ракомет можете да ја видите во продолжение.