Луд финиш на Хајде купот: Вчера загубија од Вардар, денеска се радуваа на трофеј

Мијајло Марсениќ не успеа да се снајде против своите поранешни колеги од Вардар и вчера претрпе пораз, но затоа после договорот дојде до битка за трофејот во финалето, а таму имаше одлична игра.

Фуксе Берлин го освои Хајде купот откако денеска го надигра актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Монпелје и го совлада со 30:24.

На овој дуел Германците беа порасположени, па оттаму на крајот и се радуваа. Претходно како што е веќе познато, Вардар во битката за 3. место загуби минимално од Лајпциг со 26:27.