Лудило во вардаровата соблекувална: Одекнуваше шампионе, шампионе! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар на фантастичен начин одработија уште еден од зацртаните предизвици за оваа сезона. Во една прекрасна игра и атмосфера во СЦ”Јане Сандански” одбранета е шампионската титула во СЕХА, а сега преостануваа вториот дел од задачата кој започнува на 22 април за кога е закажан првиот четвртфинален натпревар против Кил.
Вардарци не можеа да посакаат подобра увертира за четвртфиналето, а СЕХА титулата ќе биде само дополнителен мотив за обезбедување на ново учество на Ф4 турнирот во Келн.
По завршувањето на шеесете минути во “Јане Сандански” црвено-црните има голема причина за славје, а како тоа изгледаше во вардаровата соблекувална погледнете во продолжение.

300x250