ЛУДА СРЕЌА ЗА ЛУДВИГСХАВЕН: Еден гол му донесе Бундес лига на Мартин Томовски!

Тимот на Лудвигсхафен, каде што идната сезона ќе настапува македонскиот голман Мартин Томовски, забележа победа во последното коло од Суперлигата над Минден со 31-30 и обезбеди опстанок.

За овој тим не беше доволно само да забележи победа, туку чекаше реми исход на средбата меѓу Гумерсбах и Битигхајм.

Иако ниту на двете екипи не им одговараше таков исход, сепак средбата заврши нерешено, 25-25, па токму тие две екипи ќе се селат ранг подолу.

Сите три тима имаат по 14 бодови, но Лудвигсхафен има само плус еден гол повеќе во гол разликата од Гумерсбах и опстана во елитната конкуренција на Германија.