Логвин: Самсоненко ми нудеше богатство да дојдам во ЖРК Вардар!

Една од најдобрите ракометарки во светот – Тања Логвин, сега е во тренерските води, но исто како порано, така и сега се наоѓа во центарот на вниманието. Без влакна на јазикот, искрено, таа во интервју за ракометниот портал „Брз центар“ открива низа детали за својата кариера, како и за понудата што ја добила од ЖРК Вардар.

„Да. Вистина е дека имав понуда од ЖРК Вардар, но не сакав да ризикувам. Клубот веќе беше климав. Ја ценам одличната работа што ја направи Сергеј Самсоненко. Сето тоа беше прекрасно. Купуваше класа ракометарки. Но раководството не беше такво какво што му требаше на овој клуб, немаше вистински лидер во управата. Постојана смена на претседатели, тренери, зависност од трети лица, во зависност кој е на власт. И кога играв јас имав свое мислење, така е и сега. Парите не се се во животот. Свовремено бев најплатена ракометарка во светот кога играв за Алборг. Од ЖРК Вардар ми нудеа богатство, но тоа беше вредно за мене. Јас долго време заработував сама за себе и не беше нужно да го направам тој потег. И се покажа дека бев во право. Силниот ЖРК Вардар повеќе не постои“, вели Логвин.

Легендарната Логвин сега во води германскиот Хале Нојштат, а има и своја менаџерска агенција.