Листа на стрелци: Тројца ракометари со ист број голови на 3. место

Мирко Мајиќ успеа да се доближи до Ивица Илиев на врвот на Листата на стрелците после 11. коло и го искористи слободното коло на велешани. Сепак, тој има меч повеќе така што тука ќе дојде до нови поместувања.

300x250

Она што е интересно е ситуацијата од 3. до 5. место каде што има дури тројца ракометари со ист број на голови, но и со ист просек бидејќи сите имаат по 10 одиграни средби и 66 гола. Ова значи дека следниот викенд ќе донесе уште поинтересни средби и веројатно нови позиции на листата после 12. коло.