palevski

Листа на стрелци: Палевски прв со три цифри, му направи голема разлика на Илиев

Ракометарот на Работнички, Давор Палевски продолжува да ги полни мрежите на противниците, а таквата игра го промовира во прв кандидат за најдобар стрелец во лигата со оглед на тоа што веќе имаа троцифрен број на голови и 11 погодоци предност во однос на Ивица Илиев кој во последните две сезони беше неприкосновен.

Палевски постигна 13 гола на гостувањето во Струга и го искористи просечниот ден за Илиев кој погоди осумпати на гостувањето кај Вардар јуниор, па во продолжение може да се види новата ситуација во Топ 10 на листата на стрелци во Супер машката лига.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 10. КОЛО)

ТОП 10

105 – Давор Палевски (Работнички)

94 – Ивица Илиев (Радовиш)

67 – Мартин Поповски (Пролет 62)

66 – Иван Џонов (Пролет 62)

61 – Филип Николов (Радовиш)

61 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

60 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

58 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

56 – Стефан Талески (Пелистер)

56 – Сергии Сулима (Работнички)