Листа на стрелци: Најефикасниот од лани продолжува да ги полни мрежите

После 2. коло од Супер машката лига на Топ 10 од Листата на стрелците на првото место нема никакво изненадување бидејќи ракометарот кој лани го имаше врвот продолжува да ги полни мрежите на противниците.

Ивица Илиев од Радовиш и понатаму е најефикасниот ракометар на домашна сцена и игра одлично. Во првите две кола има просек од 12 гола по натпревар така што и годинава покажува дека е кандидат за првото место на листата.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, ПОСЛЕ 2. КОЛО (ТОП 10)

24 – Ивица Илиев (Радовиш)

19 – Давор Палевски (Работнички)

16 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

16 – Дарио Кофилоски (Металург 2)

15 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

13 – Филип Николов (Радовиш)

13 – Цветан Кузманоски (Струга)

12 – Дарко Кондев (Металург)

12 – Милан Поповиќ (Металург)

12 – Мартин Поповски (Пролет 62)

12 – Иван Џонов (Пролет 62)

12 – Доне Мајнов (Пролет 62)